Папската академија за живот денеска ја пофали одлуката на Врховниот суд на САД да им дозволи на федералните држави да го забранат абортусот, велејќи дека пресудата е „предизвик за целиот свет“ за животни прашања.
Академијта наведе дека одбраната на човечкиот живот не може да се ограничи на индивидуалните права, бидејќи животот е прашање од „пошироко општествено значење“.
„Фактот што голема земја со долга демократска традиција го промени својот став по ова прашање е предизвик за целиот свет“, се вели во соопштението на Папската академија.
Надбискупот Винченцо Паља, кој ја предводи Академијата за живот, рече дека одлуката на судот е „силен повик за размислување“ за ова прашање во време кога „западното општество ја губи својата страст за живот“.
Врховниот суд одлучи дека поединечни држави сега можат да го ограничат или забранат абортусот.
Американскиот претседател Џо Бајден, католик, ја осуди пресудата, нарекувајќи ја како „тажен ден“ за Америка.
Генералниот секретар на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека е многу разочаран од одлуката на Врховниот суд на САД да ја отповика историската пресуда со која се легализира абортусот во САД.
„ Многу сум разочаран бидејќи правата на жените мора да се заштитат. И очекував дека Америка ќе ги заштити тие права“ – рече Тедрос.