Сутерен.мк

Само 169 македонски Бугари ќе гласаат на изборите во Бугарија

Најмногу македонски Бугари пријавени за гласање на вонредните парламентарни избори идната недела има во Кавадарци 42. Потоа Прилеп 41, а во Тетово 40.

22 македонски Бугари се пријавиле за гласање во Струмица, 15 во Скопје и девет во Битола, или вкупно 169. Ова е далеку од 3 504 граѓани, кои на пописот во 2021-ва се изјаснија како Бугари.

Во Охрид, на пример, нема пријавен ниту еден гласач и таму нема да се биде отворено избирачко место иако таму беше отворен бугарскиот клуб Цар Борис Трети. Во Битола, пак, каде постоеше клубот “Ванчо Михајлов”, според податоците што ги објави бугарското Министерство за надворешни работи, на списокот го нема претседателот на клубот Љупчо Георгиевски.

Меѓу имињата пријавени за гласање во Македонија не е ниту Ѓорѓи Трендафилов, македонски Бугарин кој беше и во Брисел, а се сретна и со министерот за надворешни Бујар Османи за да бара подобрување на состојбата на Бугарите во Македонија.

Ова е најмал број пријавени за гласање, во споредба со изборите во април и во јули 2021 година, кога беа пријавени над 400 Бугари од Македонија.

Вонредните парламентарни избори во Бугарија закажани за втори април се петти по ред во последниве две години. И по изборите во октомври лани, ниту една партија не успеа да формира влада.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *