Сутерен.мк

Свадбата на синот на најбогатиот Азиец

Екстравагантната венчавка на Индијците од богатите семејства, Анант Амбани и Радика Мерчант собра голем број познати личности од Индија и светот.
По седуммесечни раскошни прослави, конечно во петокот во индискиот град Мумбаи се одржа свадбената церемонија на синот на најбогатиот човек во Азија.
Анант Амбани, син на претседателот на Релианс Индустри Мукеш Амбани, се ожени со Радика Мерчант, ќерка на фармацевтски тајкуни.

Церемонијата во петокот беше дел од четиридневната екстраваганција – најновата свадбена прослава во низата различни забави кои семејството ги организира од март. На некои од нив се појавија големи светски поп ѕвезди, меѓу кои Ријана и Џастин Бибер.

Големото финале на венчавката е викендов, од 12-14 jули, а на видеата објавени на социјалните мрежи може да се види дел од атмосферата и многу познати личности кои танцуваат и одлично се забавуваат.

Риалити ТВ ѕвездата Ким Кардашијан и поранешните премиери на Велика Британија Тони Блер и Борис Џонсон беа меѓу меѓународните гости кои присуствуваа на церемонијата.

Покрај нив, на листата на гости се и музичките ѕвезди Адел, Лана Дел Реј, Дрејк, како и фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам.

Ким Кардашијан за оваа пригода облече црвен фустан составен од долго здолниште и интересен топ со прекрасно деколте. Имаше и многу интересно масивен ѓердан и ја пушти својата долга црна коса опуштено да паѓа.

Важна гостинка на свадбата е големата индиска боливудска ѕвезда Пријанка Чопра. На свадбата дошла со сопругот Ник Џонас. Пријанка Чопра за венчавката на векот избра интересен жолт фустан со прекрасно деколте, а нејзиниот сопруг имаше сребрена блескава јакна.

Кога Анант ослабе над сто килограми, кои брзо ги “врати”

Социјалните мрежи се преполни со вести за свадби, а луѓето постојано споделуваат детали за познатите гости на гламурозна свадба на социјалните мрежи.

Видео…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *