Џамијата во Мека
Во Мека, Саудиска Арабија, се наоѓа Светата џамија или Харам џамијата, во којашто се наоѓа Каба (коцка, храм осносно, „Куќата на Господ“), најсветото место на исламскиот свет.
Како една од одредниците на аџилакот, секоја година го посетуваат милиони верници. Најстарите делови на денешната структура датираат од 16 век.
Џамијата на Пророкот во Медина
Домот на Мухамед и неговото семејство бил едноставна градба, направена од цигли, со двор каде што луѓето се собирале за да ги слушаат неговите проповеди.
Калифот Ал – Валид Први во 706 година ја урнал првобитната зграда и направил нова џамија во која се наоѓа гробот на Мухамед, едно од трите најважни места за исламот. Џамијата е секогаш отворена.
Ал-Акса во Ерусалим
Џамијата се наоѓа во Ерусалим и е третата најсвета џамија, изградена на вештачка платформа.
Правоаголната џамија се простира на 36 хектари и може да прими пет илјади верници.
Алиевата џамија во Ирак
Се наоѓа во Наџаф и во неа е гробот на Али ибн Аби Талиб, кој бил братучед на Мухамед, а подоцна и зет.
Шиитите го сметаат Али за прв имам, а синитите за четврти.
Куполата на карпа во Ерусалим
Оваа џамија е светилиште во Ерусалим што гоимаизградено калифот Абд ал-Малик ибн Марван во доцниот 12 век.
Тоа е најстариот сочуван исламски споменик.
Големата џамија во Џене
Првата џамија е изградена во 13 век, а сегашната структура во 1907 година. Се наоѓа во Мали, заштитена од УНЕСКО и е една од најпознатите знаменитости на Африка.
Овој храм во градот Џене изграден од тули направени од кал и се смета за врвно архитектонско здание на суданско-сахелската архитектура.
Џамијата Куба во Медина
Првите камења за оваа џамија што се наоѓа на периферијата на Медина ги положил Мухамед штом дошол од Мека.
Се смета дека овде Пророкот ја одржал првата џума (петочната молитва).