Сутерен.мк

Светските жени со поддршка на Иранките

Фанцуските актерки како Жулиет Бинош и Изабел Ипер си ги отсекоа косите во знак на поддршка на Иранките кои протестираат поради смртта во притвор на 22-годишната Махса Амини, откако таа беше уапсена од полицијата.

Протестите во Исламската Република се одржуваат секој ден откако Амини почина на 16 септември во притвор на полицијата за морал во Техеран, откако беше приведена поради неправилно носење хиџаб.

„За слобода“, рече Бинош пред да отсече голем прамен од нејзината коса и да го покаже пред камерата.

Во потстрижувањето ѝ се придружија и други актерки и пејачки, меѓу кои Марион Котијар и Изабела Аџани:
“Махса Амини беше злоставувана од полицијата поради нејзината убавина додека не умре. Сè што правеше е што носеше покривка за глава на погрешен начин. Таа почина затоа што ѝ беа откриени неколку прамени од косата”.

„Иранките очекуваат поддршка од меѓународната заедница. Ова е убав начин да се покаже таа поддршка“, напиша Ричард Седило, кој ја започна кампањата.

„Ова е само првиот чекор, се надевам дека ќе го следат сите во светот, не само актерките, туку и другите. И мажите можат да си ја истрижат косата, мислам дека тоа ќе се случи“. Него го послушаа адвокати, медиумски личности и други жени во Франција.

Шведската претставничка Абир Ал Сахлани, родена Ирачанка, исто така ја скрати косата во Европскиот парламент за време на пленарната седница.

„Додека Иран не се ослободи, нашиот гнев ќе биде поголем од угнетувачите. Додека Иранките не се ослободат, ние ќе стоиме покрај вас“, рече таа вечерта пред да ја отсече косата.

Шведската европратеничка Абир Ал-Сахлани ја скрати косата пред пратениците во Европскиот парламент во Стразбур во знак на солидарност со протестите во Иран. Во последните денови тоа е еден од неколкуте примери за поддршка на жените во Иран од Европа.
Во Холандија, стотици демонстранти маршираа до парламентот во знак на солидарност со Иранките. Во Италија, посетителите на „Макси“, Националниот центар за современа уметност и архитектура во Рим, оставија перчиња од косата во проѕирна кутија како симбол на солидарност со Иранките. Кутија полна со перчиња коса ќе биде доставена до иранската амбасада во Рим.

„Треба да знаат дека не се сами. Тие треба да знаат дека она што го бараат, кои се основни човекови права, е нешто против што сакаме да се бориме заедно со нив“, вели Џована Меландри, претседател на Музејот за современа уметност „Макси“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *