Сутерен.мк

Светски ден на бракот

Од 1981 година, во Батон Руж (Луизијана, САД) почнува да се одбележува светскиот ден на бракот, кога неколку парови од градоначалникот и бискупот побарале Денот на вљубените да се замени со Ден на бракот.

По две години, почнува да се слави насекаде. Освен нели, кај оние заедници кои се уште не го сфатиле вистинското значење на „Св. Валентин“.

Свадбените ритуали низ светот

Младенците во Конго не смеат да се смеат додека трае церемонијата на нивната венчавка – тоа би значело дека не се сфаќаат еден со друг сериозно.

Во Монголија, мораат да убијат кокошка и да и го извадат џигерот за да им биде дозволено да се венчаат.

Во норвешката традиција, невестата на венчавката треба да носи дијадема од сребро и злато и мали ѕвончиња. Нивниот звук, кога таа ќе ја мрдне главата, треба да ти избрка злите духови.

Во Германија, гостите на свадбата кршат порцелански садови за да ги избркаат лoшите духови од домаќинството. Младоженците го чистат заедно нередот, а тоа симболизира дека ќе можат да се соочат со секој предизвик што им предстои.

При разменувањето на брачните завети во Мексико, идниот брачен пар околу рамениците има „ласо“ од цвеќе, што е во облик на симболот на бесконечноста.

Нема шанси некој да се ожени на Фиџи, ако на таткото на својата идна сопруга не му подари заб од кит!

Јапонската невеста при мажењето носи качулка со која би требало да ги „покрие роговите на нејзината љубомора“ кон свекрвата.

Во Кина, другарките на невестата на денот на венчавката на младоженецот му отежнуваат како да дојде до сопругата со нудење на тестови за решавање и предизвици, за да „проверат“ колку е тој „вреден“ за неа! Плус, мора и да им плати за овој напор.

Секој маж кој сака да танцува со невестата на денот на нејзината свадба во Куба, мора да закачи банкнота на нејзиниот фустан – се тоа оди во фондот за плаќање на венчавката и свадбеното патување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *