Сутерен.мк

Светски лидери со најкус стаж

Пуч, атентат, абдикација, самоубиство или болест – сите овие фактори придонеле за лидерства со најкраток стаж во историјата, но ниту еден од нив, барем во буквална смисла, не важи за Лиз Трас. Но, со само 45 дена, таа се соочува со срамот да биде премиер со најкраток стаж во Обединетото Кралство

Со само 45 дена на функцијата премиер, Лиз Трас влезе во историјата на Велика Британија како шеф на влада кој најкратко се задржал на оваа функција.

Државникот од таборот на ториевците Џорџ Канинг до денеска го држеше рекордот во Обединетото Кралство отслужувајќи 119 дена на функцијата премиер пред да умре од туберкулоза на 8 август 1827 година.

Сер Алек Даглас-Хоум за малку пропуштил да прослави една година на премиерската функција, но не успеал за два дена. Тој на местото премиер се задржал 363 дена пред да биде заменет од Харолд Вилсон.

Јосеф Гебелс, министерот за пропаганда во режимот на Адолф Хитлер, технички може да се смета за шеф на влада со најкраток стаж. Тој, всушност, беше германски канцелар само една ноќ откако Адолф Хитлер се самоуби на 30 април 1945 година. Но, еден ден откако го замени Хитлер, Гебелс и неговата сопруга Магда ги отруја своите шест деца, а потоа се самоубија.

Вилијам Хенри Харисон беше деветтиот претседател на Соединетите Американски Држави, избран во 1841 година за да стане, на 68 години, најстариот што ја извршувал функцијата до тој момент. На 32. ден, тој стана и првиот што починал на функцијата, отслужувајќи го најкраткиот мандат во историјата на американскиот претседател. Тој положил заклетва на 4 март, студен, влажен ден за време на кој јаваше на коњ и го одржа можеби најдолгото инаугуративно обраќање во американската историја, кое траеше околу два часа. Некои извештаи тврдат дека неговото одбивање да носи капут или капа тој ден придонеле да добие пневмонијата од која починал на 4 април. Други извештаи, пак, наведуваат дека починал од тифусна треска.

Дел од историчарите оценуваат дека Педро Ласкураин уживал едно од најкратките претседателства на сите времиња, со тоа што поранешниот градоначалник на Мексико Сити бил поставен како водач на земјата по воениот удар во февруари 1913 година. Неговата инсталација била едноставно механизам за легитимирање на државниот удар, предводен од генералот Викторијано Хуерта и служат како транзиција за самиот Хуерта да ја преземе функцијата. Се проценува дека времето на Ласкураин како претседател траело само 45 минути.

Михаил Втори се задржал на тронот околу 18 часа како император на Русија по абдицирањето на неговиот брат царот Николај Втори на 15 март 1917 година. Околу 18 часа по абдикацијата, Михаил потпишал манифест со кој ја признал привремената влада, со што го означил крајот на царскиот режим во Русија. Тој никогаш не бил потврден како цар, а по Руската револуција од 1917 година бил затворен и убиен.

Трагичната дама Џејн Греј – „деветдневната кралица“ – е запаметена во британската историја како монарх со најкратко владеење. Прогласена за кралица на Англија, Велс и Ирска во 1553 година на 16-годишна возраст по смртта на нејзиниот братучед, протестантот Едвард Шести, таа всушност била петта по ред, но била избрана затоа што била протестант. Сепак, земјата се кренала во корист на првата во редот, Мери, која беше полусестра на Едвард и ќерка на Хенри Осми со Катерина Арагонска и католик. Тајниот совет ја сменил страната во корист на Мери, соборувајќи ја Џејн, која би била погубена следната година.

Францускиот крал Луј Деветнаесетти издржал приближно 20 минути на тронот во 1830 година. Наследникот на Шарл Десетти, „дофинот“ (француски престолонаследник во времињата кога земјата била монархија) го поминал својот ран живот надвор од Франција, но се вратил да се бори за ројалистите против Наполеон во текот на 1810-тите. Тој станал крал по абдицирањето на неговиот татко за време на Јулската револуција. Сепак, тој никогаш не бил прогласен за таков, наводно се повлекол 20 минути по Шарл Десетти.

Иако деталите се спорни, Гинисовата книга на рекорди го признава неговото „владеење“ како најкратко, иако било техничко. Тој, очигледно, бил крал само меѓу времето на потписот на абдикацијата на неговиот татко и неговиот сопствен потпис, кои и двата биле на истиот документ.
Тој ја дели оваа судбина со несреќниот Луј Втори од Португалија, кој технички станал крал на 1 февруари 1908 година, откако неговиот татко, Карлос Први, бил убиен.

Синот и наследник Луј бил фатално ранет во исто време, но наводно го надживеал својот татко околу 20 минути.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *