Сутерен.мк

Седумгодишно девојче најде дијамант

Среќно девојче го добила својот неочекуван роденденски подарок кога во Арканзас (САД) открила златно кафен дијамант од 2,95 карати.

Девојчето го открило дијамантот додека го прославувала својот седми роденден во државниот парк „Кратер оф дијаманти“ во Марфресборо, Арканзас, се вели во соопштението за печатот од паркот.

„Откритието на Аспен Браун од први септември е второто по големина пријавено од гостин во паркот оваа година, а пред него е 3,29-каратниот кафен дијамант откриен во март. Браун го посети паркот со татко и и баба и за да го прослави својот роденден. Го нашла скапоцениот камен со големина на грашок она патека долж североисточната страна од областа за пребарување“, се вели во соопштението.

Службениците на паркот подоцна потврдија дека Браун навистина го открила дијамантот.

„Дијамантот на Аспен има златно-кафеава боја и блескав сјај. Тоа е целосен кристал, без скршени страни и мала пукнатина од едната страна, создадена кога се формирал дијамантот. Сигурно е еден од најубавите дијаманти што сум ги видел последниве години“, вели Вејмон Кокс, помошник началник на паркот.

Полето од 37,5 хектари каде што посетителите можат да истражуваат е еродирана површина на вулкански кратер. Покрај дијамантите, тука се среќаваат и други скапоцени камења како аметист и гранат, како резултат на уникатната геологија на локацијата.

Малата Аспен не е единствена со вакво откритие, еден до двајца посетители секојдневно откриваат дијаманти во паркот. Повеќе од 75.000 дијаманти се пронајдени на локацијата, откако еден фармер за првпат идентификувал дијаманти во тој предел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *