Во досега најобемното истражување за насилството врз жените што го спроведе Светската здравствена организација се тврди дека секоја трета жена на планетава е/била жртва на физичко или сексуално насилство!
Во студијата се опфатени 158 земји и сексуално насилство над жени и девојчиња постари од 15 години. Генералниот директор на СЗО, Тедрфос Аданом Гебрејесус изјави дека резултатите претставуваат ужасна слика, која бара одлучна акција на владите и општествата.
Податоците се однесуваат на периодот од 2010 до 2018 година, така што не го опфаќаат влијанието на пандемијата што ќе рече, резултатот е уште позастрашувачки кога ќе се земат во предвид податоците дека семејносто насилство е во пораст откако се воведени ограничувањата заради коронавирусот.
Гебрејесус апелираше дека секој поединец е должен да помогне во решавањето на овој проблем, во реформите на дискриминаторските закони, засилувањето на правата на жените, сексуалното образование и спротиставување на нормите кои го „простуваат насилството врз жените“!