Сутерен.мк

Секој ден по една жена умира од рак на дојка

Минатата година 346 жени ја изгубиле битката со ракот на дојка во Северна Македонија.
Во Македонија во периодот од 2017-2021 година, ракот на дојка зазема прво место по бројот на нови случаи на малигни неоплазми кај жените.

Ракот на дојка е и најчестата причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот од 2010-2023 година.

Од 2017 до 2021 година регистрирани се 4.002 случаи на рак на дојка.
Од 2017 до 2021 година, во Македонија од рак на дојка починале 2.234 жени.

Единствен признаен начин од Светската здравствена организација кој ја намалува смртноста од болеста е раното откривање на болеста и тоа се прави само со редовни и периодични прегледи.
Во 2022 година во светот на 2,3 милиони жени им е дијагностициран рак на дојка, а 670.000 починале.

Се препорачува секоја жена над 25 години да направи скрининг еднаш годишно, а за жените над 40 години два пати годишно.

Иако ретко, ракот на дојка е регистриран и кај мажите, односно околу еден отсто од случаите на рак на дојка се регистрирани кај мажите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *