Мои роднини неодамна прославија пет децении брак и велат дека се уште многу страсно се сакаат. Ве читам и сакам да ве прашам: вие, верувате ли во толку години љубов?
Скептична
Скептична дарлинг, секако дека не. Сексуалната страст не верувам дека може да издржи пет години, а не пак, пет децении.
Меѓутоа, важноста на семејната заедница, општествениот статус, материјалната комотност, социјалните релации, одобрувањето на околината, заедничките цели, малограѓанштината, ако веќе инсистирате, кредитите – можат!
Кога ќе ги извагате овие параметри со авантурите, тие ќе победат.
И треба.
Сексот е едноставно, преценет…
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)