Сутерен.мк

Се разоткрива мистеријата Везув

Тројца истражувачи – студенти од Египет, Швајцарија и САД, освоија вкупно 700 000 американски долари за дешифрирање на дел од антички текст од свиток јагленисан при ерупцијата на планината Везув во 79 година од новата ера. Се работи за реализација на предизвикот лансиран лани, попознат како Предизвик Везув.

Свитокот е дел од обемната збирка свитоци од папирус пронајдени во 1750 година, во остатоците од вила во Херкуланеум, градот кој ја дели судбината со Помпеја – да биде закопан под вулканска пепел при ерупцијата на Везув во 79 година. Силниот налет на жежок гас од Везув јагленосал стотици свитоци што се наоѓале во библиотеката на огромната вила, зачувувајќи ги до денешни дни. За жал, свитоците се неверојатно кревки, па некои од нив биле неповратно оштетени при обидот рачно да се одвиткаат. Поради ова конзерваторите се решиле да се откажат од ваквите напори, а содржината на околу 600-те свитоци е загатка до денес.

Со развојот на технологијата, се отворија нови можности да ја „читање“ на содржината од свитоците. Во 2018 година, научниците вклучени во Иницијативата за дигитална реставрација на Универзитетот на Кентаки се обидоа со помош на високоенергетски рендгенски зраци да ѕирнат во содржината на свитоците без притоа да ги оштетат. Тие успеале да обучат алгоритам за машинско учење што ќе ги дешифрира рендгенските снимки од папирусот со цел да забележи суптилни разлики во структурата на површината. Овие снимки се основата да се започне процесот на дешифрирање на свитоците.
Предизвикот Везув предвидува парична награда за првиот тим кој ќе декодира четири пасуси од текст од свитоците пред крајот на годината. Меѓу кандидатите за наградата, најдобро оценети меѓу примените поднесоци се оние на Јусеф Надер, Лук Фаритор и Џулијан Шилингер. Имено, заеднички тие ги постигнале минималните барања за главната награда, дешифрирајќи најмалку 4 пасуси, секој од 140 знаци.

Во октомври минатата година Фаритор ја доби наградата за декодирање на само еден збор од свитокот – порпхѕрас (виолетова), додека додека Надер беше втор на натпреварот. Заедно со Шилингер, тие открија делови од текст за кои се верува дека ги напишал Филодем, философ кој творел во исчезнатата библиотека. Во соопштението во кое беа откриени имињата на победниците, од Предизвикот Везув обзнани и дека „Општа тема на текстот е задоволството, кое, правилно разбрано, е највисокото добро во епикурејската философија“.

Со ова се дешифрирани приближно 5 проценти од еден свиток. Но, Предизвикот Везув продолжува, а крајна цел е да се прочитаат 90 отсто од сите четири свитоци што се тековно скенирани. Втората награда е веќе на маса и е ветена за првиот тим што ќе успее во тоа до крајот на годината. Деталите за следната фаза од натпреварот ќе бидат објавени во март.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *