Сутерен.мк

Се роди бебе од 7,3 килограми

Едно од најголемите бебиња било родено во Бразил на 18 јануари – тешко 7,3 килограми и високо 59 сантиметри. Клеидијане Сантос дос Сантос го родила синот Андерсон со царски рез во болница во Паринтис во бразилската држава Амазонас.

Оваа 27-годишна Бразилка отишла во болница на рутински преглед и консултации, но лекарите сфатиле дека бебето е преголемо за да чека редовен термин за породување.

Бебето моментно е во инкубатор и е во стабилна состојба, а и мајката се чувствува добро.

„Не очекував вакво изненадување, мислев дека ќе тежи околу четири килограми, но испадна повеќе од седум. Сакам да му се заблагодарам на тимот во болницата, тие добро се грижат за мене и ми даваат поддршка. Да не беа тие, не знам што ќе се случеше со мене“, вели Клеидијане, на која ова и е петто дете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *