Сутерен.мк

Симпсонови го најавиле и Бренсон?!

Неодамна дел од Твитер заедницата не потсети на една епизода од анимираната серија „Симпсонови“ („Војна на уметноста“) од пред седум години, во која се гледа Бренсон како во бестежинска состојба се воодушевува на слика што е на ѕидот во неговото вселенско летало…

Ричард Бренсон, пионерот на „вселенскиот туризам“ е првиот милијардер кој патуваше во вселената во летало што го направи неговата компанија и со тоа го претрка својот американски ривал Џеф Безос, кој треба да „патува“ на 20 јули.

„Димпсонови“ за повеќе од триесет години прикажување повеќе пати успеаја да ги „предвидат“ слуќувањата од иднината: па така на пример, претскажаа дека еден ден Доналд Трамп ќе стане претседател на САД, дека Лејди Гага ќе пее на Суперболот, како и дека ќе завладее епидемија од ебола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *