Сутерен.мк

Симптоми на делта сојот

Вакцините се покажаа како ефикасни во намалувањето на развојот на тешка клиничка слика од ковид 19 и фатален исход, но тоа не значи дека пандемијата се смирува!

Експертите се уште учат за симптомите на коронавирусот, особено на оние кои можат да доведат до долгорочни последици, а најважните како што пишува Eat this на кои треба да се обрне внимание се следните:

Тешко дишење и болки во градите

Доколку се појават (како и притисок во градите, кашлица) тие се алармантни знаци и веднаш треба да се јавите на лекар!

Збунетост и отежнато будење

Доколку личноста доживува конфузија или тешко се буди и не може да остане будна, треба веднаш да се побара медицинска помош!

Когнитивни проблеми

На Меѓународната конференција на американската Асоцијација за Алцхајмер кон крајот на јули, научниците ги претставија доказите за врската помеѓу коронавирусот и забрзувањето на заболување од Алцхајмеровата болест.

Симптоми што траат предолго

Доколку со недели се чувствувате како да сте настинати, најверојатно станува збор за инфекции што доведуваат до долготрајна болест позната како продолжен ковид, кој влијае на срцето, белите дробови, бубрезите, мозокот и кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *