Сутерен.мк

Симптом за нетолерантност на лактоза

Најчестите сигнали дека сте интолерантни на лактоза се подуеност, грчеви во стомакот и потешки проблеми со варењето на храната.

Меѓутоа и течењето на носот може да сигнализира дека на телото лактозата не му одговара. Што ќе рече, ако никако не можете да го решите проблемот со синусите и течењето од носот не е на одмет да му ја споменете на лекарот лактозата и да го прашате дали е таа можеби причина за вашата состојба.

Инаку, кај луѓето кои не ја поднесуваат лактозата, тенкото црево не може да го свари ниту разгради млечниот шеќер. Важно е да се знае и дека интолеранцијата на лактоза не значи дека е некој алергичен на млеко и млечните производи.

Извор: Eat This         

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *