Сутерен.мк

Сиромаштија

Се изгубив во овие претешки времиња, се будам и легнувам со мисла како да го истуркам месецот.
Кога ќе ги платам сметките многу малку останува за храна, а моето семејство брои пет членови. Кажи ми ја магичната формула со еден вработен како да се прехрани петчлено семејство.

Непроспиени ноќи

Непроспиени ноќи дарлинг, добредојдовте во клубот што брои над 70 отсто жители од популацијата (жива) во државава. Магична формула нема за ништо. Менувајте професија, ангажирајте ги домашните да смислат како да заработат нешто, преформулирајте го целокупниот ваш досегашен живот. Зашто, мора да се преживее.

Нема срам од ниедна работа, ако таа носи добро за вас и вашето семејство. Срамота е да чекате некој друг да ви ја реши иднината особено, на вашите деца, со тоа што ќе се надевате дека ќе ви ги здомат богати сватови.

Читајте огласи, преквалификувајте се, побарајте помош, молете, плачете, „мамете и крадете“…

Очајни времиња, бараат очајни одлуки. Тешко е знам, но знам и дека кога ќе се спасиме од маките, завршува и животот…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *