Сутерен.мк

Си замина актерката која гордо се справуваше со себеси

На 79 годишна возраст почина актерката Снежана Стамеска.
Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ведетите на македонското глумиште. Дипломирала на Театарската академија во Белград во 1970 година и од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010, Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Низ исклучително плодната актерска кариера одиграла преку седумдесет улоги во матичниот театар и на сцените на неколку други македонски театарски куќи.

Таа реализираше многу значајни телевизиски и филмски улоги. Исклучителната популарност Снежана Стамеска ја стекна во осумдесетите и деведесетите години кога публиката ја засака во улогите на Пандора во Солунски патрдии (1979), Вера во Диво месо (1979), Сина во телевизиската серија Трст виа Скопје (1987), Вера во Среќна Нова ’49 (1985), и Паца во „Викенд на мртовци“ (1985).

(Фото: Игор Тодоровски)

Во една прилика изјави: “Денес не се вложува во себе, во смисла на читање најразлична литература, здрава комуникација со луѓето, негување релации… Невоспитаност и простотилак на сите страни: еднаш ве поздравуваат срдечно, а во следната прилика – не ве познаваат!? Ви даваат визитка, телефонски број, маил адреса, што и да е, а после не одговараат на повиците!? Ничие време не се почитува, ничиј труд, работа… Искрено, безобразност, ароганција и баналност насекаде. Не навивам за никого, навивам за себе, како да преживеам, но не удавија со повторување на едно те исто. Страшно здодевно.“

Драга Снешка, ништо не е сменето.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *