Сутерен.мк

Скапоцени намирници

Некои зачини, риба, месо, овошје… се толку скапи што мора да се праша човек што е тоа што го имаат толку повредно од своите роднини или се само едноставно, се само преценети? Цената на некои намирници не ја наметнува само нивниот квалитет, туку и реткоста, тешкотијата на одгледувањето, подготовката…

Ибериска пршута

Направена од задните нозе на шпанските црни свињи важи за голем деликатес. Овие свињи инаку слободно пасат и се хранат со желади и корења. Се верува дека олеинската киселина од желадите е она што на ибериската пршута и го дава специфичниот вкус. За цела свинска нога ќе треба да платите 4 500 долари.

Ванила

Тешко е да се поверува, но ванилата многу скапа иако, само онаа која потекнува од Мадагаскар. Опрашувањето на ванилиниот цвет во оваа земја мора да се направи рачно и тоа само во еден ден од годината, поради што еден килограм на ванила од Мадагаскар чини 270 долари.

Мацутаке печурки

Овие јапонски печурки имаат слатко – лут вкус, а поради фактот што се омилена храна на многу штеточини, годишно се произведуваат многу малку, се на се, сто тона! Нивната цена по килограм стигнува и до 450 долари.

Шафран

Ова е најскапиот зачин на светот. Се продава по 4 500 долари за килограм, во кој има 34 илјади листови на шафран. Многу е ароматичен и е идеален додаток во ориз, риба…

Фугу риба

Во јапонски рибен ресторан парче од фугу риба може да чини и 470 долари. Причината за високата цена е што подготовката на оваа риба мораат да ја направат специјално обучени кувари бидејќи таа е полна со отрови кои можат да бидат смртоносни за луѓето.

Црна лубеница

Годишно се произведуваат само сто илјади парчиња од ова овошје и тоа на јапонскиот остров Хокаидо. Бидејќи се тешки за одгледување, една од овие лубеници може да чини и шест илјади долари. Побогатите Јапонци ја носат како подарок на младенците на венчавка.

Бели тартуфи

Иако, црните тартуфи ги нарекуваат и црни дијаманти, белите се поскапи од нив. Најмногу ги има во италијанските региони Тоскана и Пиемонто, каде што свињите и одредени раси на кучиња ги пронаоѓаат под земјата. Еден килограм на бели тартуфи може да чини до 4 500 долари.

 

Ваги говедско

Бифтеците од Ваги (или Вагу) говедското се најсочните на светот. Велат дека интензивниот вкус и „мермерната“ структура му ја дава тоа што животните од кои се добива се одгледуваат без стрес. Најмногу се служи во Јапонија, но го има и во САД.

Кавијар

Кавијарот е сирова икра и обично се служи како предјадење со леб. Најскапиот е од рибата албино есетра од Сибир. Едно мало пакување на ваков бел кавијар чини 37 илјади долари!

Северносина туна

Оваа риба е загрозен вид, па нејзината цена е астрономска. На јапонскиот пазар ваква туна тешка 273 килограми беше продадена на аукција за 1,8 милиони долари минатата година. Северносината туна најчесто се користи за подготовка на суши.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *