Прелиминарните резултати презентирани на здравствената конференција „ФАПЕСП Вик Франс“ сугерираат дека отровот од скорпија од амазонската дождовна шума (Brotheas amazonicus) би можел да помогне во лекувањето на ракот на дојка.
Поради стареењето на светската популација, како и поголемата изложеност на загадувачи и стресни екосистеми, сведоци сме на зголемување на стапките на рак, деменција и други болести. Затоа, во бескрајното барање повеќе опции за третман, некои истражувачи ги бараат на неверојатни места, на пример, во опашката на скорпија.
За да ги забрзаат работите, група истражувачи од Бразил вметнале гени во ДНК на „фабрички“ организам за да го создадат производот на генот. Потоа можат да ги тестираат добиените протеини, како оние во отровот од скорпија, за разни медицински намени.
– Успеавме да идентификуваме молекул во оваа амазонска скорпија што е сличен на оној што се наоѓа во отровите на другите скорпии и кој дејствува против клетките на ракот на дојка – објаснува фармакологот од Универзитетот во Сао Пауло, Елијан Кандиани Арантес.
Како и лековите за хемотерапија, молекулот „Bamaz Scplp1“ предизвикува некроза – процес на клеточна смрт – во клетките на ракот на дојка, предизвикувајќи нивно пукање.
Сè уште е многу рано да се истражува овој третман, но користејќи го овој метод за креирање молекули од гени, истражувачите објавиле дека пронашле и молекул што го поттикнува растот на крвните садови направени од змиски отров и крвна компонента од говеда.
Користењето техники како овие би можело да помогне да се пронајдат повеќе скриени третмани во самата природа.