Јапонскиот памук колач е еден од најпопуларните деликатеси деновиве на интернет, а се прави само од три состојки.
Состојки
3 јајца
120 гр.бело чоколадо
120 гр. крем сирење
Подготовка
Растопете го чоколадото на пареа.
Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги белките во цврст снег.
Измешајте го крем сирењето со жолчките, додадете ги белките,па растопеното чоколадо.
Смесата сипете ја во калап о печете ја на 170 степени, 15 минути.
После 15 минути, намалете ја температурата на 160 степени и печете го колачот уште 15 минути.
После 30 минути печење, исклучете ја рерната и оставете го колачот внатре уште 15 минути.
Извадете го, а кога ќе се олади, посипете го со шеќер во прав или, со што ви е по волја.