Сутерен.мк

Слепата Барби

Шест децении по првата Барби, компанијата Мател одлучи да произведе ваков вид на кукла со цел да ја направи својата понуда уште поразновидна, објави денеска британскиот весник „Гардиан“.

Целта, како што наведуваат од оваа компанија, е децата кои имаат проблеми со видот или се слепи да бидат подобро застапени во општеството.

„Ние сфаќаме дека Барби е многу повеќе од обична кукла“, рече потпретседателката на компанијата Криста Бергер, додавајќи дека преку неа децата можат да се изразат себеси и да стекнат чувство на припадност.

Мател во производството на куклата соработувал со Американското здружение на слепи за да се осигура дека сè, од очите на куклата до облеката, прецизно прикажува слепи или слабовидни лица.
Барби е облечена во облека од ткаенина чувствителна на допир која може полесно да се облече, а пакувањето е приспособено за слепи деца со натписи на Брајово писмо.

Покрај слепата Барби, Мател произведе и други кукли со посебни карактеристики, како што е првата црна кукла со Даунов синдром, по нејзината бела верзија минатата година.
Овие две кукли се дел од специјалната колекција која беше лансирана во 2009 година, во која меѓу другото се вклучени и кукли со различни бои и типови на кожа, како и Барби која има протеза и користи инвалидска количка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *