Сутерен.мк

Сокол Марковски: Во името на осмиот ден!

Дали е среќа или несреќа што Матријархатот го изгубил приматот од Патријархатот?!
Без оглед на величината која ја поседува Матријархатот а особено вредностите кои со себе ги носи, тој е осуден да остане во сенката на “големиот” Патријархат.

Следејќи ги вековите наназад, колку и да се далеку, не доближуваат до едно од клучните нешта, а тоа е селекцијата на Матријархт (читај жената)!
Па имаме, добрата Мајка, послушна жена, наивно девојче, куртизана, ноќна Дама и може да се оди уште во понатамошна селекција.
Една од причините, ако не и главната, за маргинализирање на жената е појавата на Монотеистичките религии. Со доаѓањето на Тронот, религијата ја промовира максимата “Еден Бог“ (машки род) и сите останати! Не, не сакам да ја негирам религијата, можеби на некого му е потребна, но се поставува прашањето, за што му е потребна?!

Мојот став околу ова прашање е, за полесно да се манипулира со “рајата”, а посебно со жената и воедно таа да се спушти до нивото на “нужна потреба”, потреба во секоја смисла на зборот.
Иако,реторички може да се каже дека религијата достигнала слични вредности какви што ги поседува Матријархатот, но сепак тие остануваат само…реторички!

Стравот на апсолутистичките владари од жената, од нејзината состојба на духот, боженственоста, расцутот со кој таа го оплеменува постоењето,ги тера кон создавање на трагедија на одмазда, па оттаму имате Ноќ на Вештерките и нивното спалување!

За среќа или несреќа се уште живееме во Патријархатот, на кој можеби жената се има и навикнато, па понекогаш и ужива во својата подредена улога! И на крај, во контекст на осмиот ден од Март, ако Патријархатот сака да ја наслика жената за себе, треба да има способност и умеење да ја наслика густината на воздухот,бидејки воздухот е живот…енде.

(Авторот е сликар – левучар, кој слика и пишува со десна рака.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *