Стојам пред куп непознати луѓе, што и да кажам, тие се смеат! Не знам дали е тоа толку смешно или пак, тие се многу тажни, па имаат голема потреба да се насмеат?! А мене ме фаќа некоја жестина, сплет, нервоза и не ми е баш до смеење, но ете, морам да стојам тука и да бидам она што не сум. Искрено, никого не можам да препознаам меѓу тие луѓе, сите ми се некако слични, можеби само на некои очите им се различни!
А во секој поглед можеш да видиш, многу! На некои погледот им е толку разочаран, изгубен и можеш да видиш бескрајна празнина, други пак , колку и да се смеат силно, веѓите им се спуштени како врба, со тажен поглед, мирен. А има и такви со ококорени очи како никогаш во животот да не се насмеале, но сепак очите, ладни, не не е до бојата на очите! И цело време додека правам будала од себе, се прашувам: „Дали будалите се смеат на неделата или пак, будалиот ги исмејува будалите!?“ Еве привршувај, се поклонува, сакаат уште, но, не – доволно е, доста е! Досадно е да си приземен помеѓу будали!
Ја вадам маската, ја бришам шминката и се враќам во мојот свет! Свет во кој не е потребна маска за да се скрие својата слабост, тага, љубов, солзи, болка… Туку со сета своја искреност да покажеш тоа што си…Човек… без маска!
(Авторот е сликар – левучар, кој слика и пишува со десна рака.)