Сутерен.мк

Сомнежи и стравови

Фејсбук с(р)еќавања…

****
Во едно црвено, вторнично утро доаѓаш до точката кога ти е јасно, дека собирањето искуство е бесполезно и не е никаква гаранција за мир и нема крајна цел, како такво.
Сфаќаш дека мирот не е вреден за она што го одбиваш.
Се лутиш по малку, зошто човек не се раѓа со вградена далекувидна рамнодушност?
Се повеќе се препушташ на (не)милоста на секојдневието.
Всушност, вистината е дека јас многу се досадувам.
А некој умен писател потенцирал: “здодевноста е другото име на виталноста.”
Хм…

****

Никаква мудрост не може да се научи од животот. За бадијала се копа тунелот со дива и очајна потреба за вистината.
Би требало од денот на раѓањето да знаеш дека ќе вирееш под вечната воопштеност. И дека всушност, се било прашање на околности.
Ништо не се осознава. Освен, бесмислената (не)важност на самиот себе.
Треба да се исклучи тастатурата.
Тоа секој, со просечна интелигенција и ќе го направеше доколку пред десетина векови неколкумина мудреци се здружеа и решеа да напишат една книга што ќе се потсмеваше на човечката лекомисленост.
Заради неорганизираноста на одредени древни циници, ужасната врева од големото трчање наваму – натаму, продолжува. Со љубов расштркана и недоречена, игнорирајќи ја вселенската рамнодушност, уверени дека светот го оставаме подобар затоа што сме постоеле во него.
Некаде в зори, пред сонцето дрско да се појави игнорирајќи ги нејзините сомнежи и стравови, таа веќе никого не сожалуваше.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *