- Мажот има само една сигурна љубов – љубовта на својата мајка.
- Кога не би постоеле жените, дијамантот би бил само обичен камен.
- Дури и најтемната ноќ ќе заврши и сонцето повторно ќе изгрее.
- Да знаеш, да мислиш, да сонуваш. Тоа е сѐ.
- Соништата создаваат иднина.
- Не е тешко да бидеш добар, тешко е да бидеш праведен.
- Првите денови Бог ја создал жената, а поради нејзиното задоволство карминот.
- Она што го води светот и го носи напред не се локомотивите туку идеите.
- Првата љубов е многу голема и многу мала.
- Зборовите се игли со кои се прицврстуваат мислите.
- Не е страшно да се умре, страшно е да не се живее.
- Нема ништо помоќно на светот од идеите до кои дошло самото време.
- Мажот не го задржуваат во домот децата, туку мудроста на жената.
- Љубовта не познава средина: уништи ја или спаси ја.
- Љубовта е бесмртно и бесконечно жариште во нас, кое ништо не може да го ограничи и ништо не може да го изгасне.
- Длабоко сум убеден дека мртвите живеат сѐ додека живите мислат на нив.
- Колку повеќе знае човекот, толку повеќе страда.
- Оној кој размислува не може да биде невработен. Работата може да биде видлива и невидлива.
- Подобро да верувате во сѐ отколку да не верувате во ништо.
Виктор Иго ( роден во Безансон на 26 февруари 1802 година, а умрел во Париз на 22 мај 1885 година) е еден од најзначајните претставници на француската романтичарска книжевност – неговиот предговор за драмата „Кромвел“ се смета за манифест на романтизмот. Покрај со книжевност, голем дел од својот живот се занимавал и со политика.