Шпанскиот суд нареди маж да ѝ плати на поранешната сопруга 200 00 евра (180 000 фунти) за 25 години неплатена работа во семејството, врз основа на минималната заработувачка во текот на нивниот брак, покажуваат судските документи.
На мажот му било наложено да ѝ плати „204 624,86 евра, а пресметката е направена врз основа на годишната минимална плата“ за време на нивниот брак, се наведува во пресудата на судот во јужниот регион на Андалузија.
Ивана Морал (48) од Малага, Шпанија, изјавила во судницата во Велез-Малага дека се чувствувала „економски загрозена, безвредна, секогаш зависна од истата личност“ за време на нејзиниот брак.
Двојката има две ќерки, а нивниот брак бил регулиран со режим на поделба на имотот, кој прецизирал дека сè што ќе заработи секоја страна им припаѓа само нив, што во овој случај би ја оставило сопругата без пристап до кое било богатството што е стекнато низ годините на партнерството.
Во бракот, сопругата се посветила „суштински на домашните работи, што значело грижа за домот и семејството и за сè што тоа подразбира“, се наведува во пресудата. Правните документи покажале преглед на она што таа годишно би го заработувала за годините помеѓу јуни 1995 и декември 2020 година.
Поранешниот сопруг на Ивана, исто така, мора да ѝ плаќа пензија еквивалентна на 444 фунти месечно, како и месечен додаток за нега на дете 356 фунти и 533 фунти на нивните две ќерки, кои сега имаат 20 и 14 години.
Ивана рекла дека нејзиниот сопруг „не сакал таа да работи“ надвор од домот, иако ѝ дозволил да работи во вежбалните коишто биле во негова сопственост, каде што таа ги водела социјалните мрежи.
„Се посветив исклучиво на домашните работи, на грижата за мојот сопруг и куќата да биде беспрекорна. Ме натера да преземам специфична улога да ги извршувам домашните работи. Живеев во беда, со врзани раце и нозе, просејќи, рекла Ивана.
Казната „многу ја израдувала“, бидејќи била „многу заслужена“, рекла таа.