Сутерен.мк

Со Аки се збогува и неговиот син!

Кристијан Рахимовски проговори по смртта на неговиот татко Аки и му посвети објава на социјалните мрежи:

Кристијан Рахимовски

„Татко, прерано ме остави. Многу рано. Луѓето велат дека Господ така сакал… Ние бевме повеќе песна отколку збор, не знаеше друг начин, не можеше надвор од таа сцена во твојата глава, па ти приоѓав само со песна. Можевме многу уште заедно , тато мој. Боли неописливо.

Утеха е што ќе имам барем дел од тебе во моите песни, како и во она што ми го остави. Но, тоа сега не ми е доволно… Луѓето знаеја се за нас, а ништо не знаеја. Знаевме јас и ти… Недостигаш тато, на сите ни недостигаш. Татко ми сега одмара, па рокај горе со екипата.

Луѓе мои, во име на целото семејство Рахимовски ви благодарам на сите за зборовите за поддршка, за сите пораки… И тој ви значеше затоа што беше одличен, како и Оли, недопирлив. Татко ми ми рече пред неколку дена: ’Сине и јас те сакам, ајде бегај таму и да се видиме’. Се гледаме тато еден ден… Здраво тато, те сакам тато… Се гледаме…“, пишува Кристијан.

Александар „Аки“ Рахимовски, пејачот на бендот „Парни ваљак“, почина завчера на 67-годишна возраст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *