Во Македонија, речиси половина од жените доживеале некаков вид насилство во текот на нивниот живот, а амбасадорот на ОБСЕ, Килијан Вал ги опишува овие податоци како алармантни. Тој ја истакна потребата од зајакнување на институционалната рамка за спречување на насилството.
„Истражувачките податоци ни покажуваат алармантна ситуација. Наодите од истражувањето на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените покажуваат дека половина од жените во Северна Македонија доживеале некаков вид насилство во својот живот, а секоја трета – сексуално“, рече Килијан Вал, амбасадор на ОБСЕ.
Граѓанскиот сектор оценува дека Северна Македонија има добра законска рамка, но најголемиот предизвик е спроведувањето на законите.
Заменик министерот за социјална работа, демографија и млади истакна дека се подготвува 8-годишната национална стратегија за спречување на насилството врз жените и семејното насилство. Ѓоко Велковски рече дека се предвидува и формирање на нови 10 специјализирани служби за жени жртви на насилство.