Сутерен.мк

Според шкотски закон мора да отворите секому кој ќе ви тропне

Еден од необичните и застарени закони ги обврзува граѓаните секој кој ќе тропне на нивната врата да му дозволат користење на тоалет. Очигледно дека овој „закон“ е и нешто повеќе од традиција или пристоен обичај.
Влегувањето на имот некогаш било легално во Шкотска поради законот којшто дозволувал слободно движење на луѓето низ земјата.

Токму поради тој закон се појавил и овој другиот – да им се дозволи на луѓето кои ќе тропнат на вашата врата да искористат тоалет.

Денес правилото за слободно движење најмногу им користи на планинарите. Законот не покрива кампување или штета на имотот поради тоа што постои современ закон за неовластено влегување на имот – во пракса, можете да прошетате по имотот и да продолжите по патот совршено легално.
Меѓутоа, секое „лутање“ по приватните имоти сепак го правите на сопствена одговорност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *