Србија има најголем раст на платите во светот во изминатите пет месеци. Веста е за податоците од World of Statistics и листата на држави со најголеми зголемувања на платите од декември лани.
Србија, која забележа раст од 15,2 отсто, е на првото место на листата, а зад неа, во Топ 5, се Босна и Херцеговина, Португалија, Белорусија и Романија. Понатаму следат Полска, Хрватска, Словенија, Белгија, Естонија, Аргентина и други. Македонија на листата на World of Statistics е во долната „црвена зона“ со намалување на просечната плата во последните пет месеци од -2,8 отсто.