Сутерен.мк

Средношколец од Скопје освои прво место во Европа на компјутерски натпревар во Калифорнија

Сердар Цветков од СЕТУГС „Михајло Пупин“ во Скопје, го освои првото место во Европа и петтото место во светот на глобалниот натпревар МОС што се одржа во Анахајм, Калифорнија, во конкуренција на 130 натпреварувачи од повеќе од 80 земји.

Во тимот беше и Лука Зотовиќ од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје, кој успешно се претставил на натпреварот заедно со Илина Арсовска, Леонид Петковски и Огнен Бабунски.

Минатата година, Ања Цветковска од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје го освои четвртото место во конкуренција на 133 натпреварувачи од светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *