Сутерен.мк

Среќен крај е, ако умреш жив!

Фејсбук с(р)еќавања…

*На мојот пат до успехот, Општинава стално нешто реконструира!

*Среќен крај во МКД е, ако умреш – жив.

*Може ли било која власт, да се нарече воопшто власт, доколку не успее да ни наметне лојалност кон државата?!

*Македонскиот правопис на колена:
-Гласај за кого сакаш, исто ти се пишува!

*Единствено нешто што стекнавме за 30 години е Колективен кретенитет!

*Кога начинот е погрешен не само што резултатите се лоши, туку и најблагородната идеја пропаѓа.
А кога умира идејата, страдаат луѓе.

*За нормалните, животот е борба. За збогатените врз грбот на нормалните, животот е игротека.

*А споменат збор агенда, а знам дека ништо нема да направат!

*Цели 26 години како да гледаме спаринг партнери. Дајте бе конечно, испоштовајте ја публиката!

*Само во ваква држава, надежта може да стане попатетична од очајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *