Старински трикови за полесно чистење

Средство за садови и сода бикарбона за отстранување дамки

За да отстраните дамка од масло, покријте ја со слој сода бикарбона и додајте две-три капки средство за садови.

Потоа истријте ја дамката со чиста четка за заби, па исперете ја облеката како вообичаено.

Средство за садови за чистење подови

За да ги исчистите подовите, можете да искористите и обично средство за садови наместо специјално средство за подови.

Во кофа со топла вода ставете неколку капки од средството и пребришете ги подовите како вообичаено.

Пена за бричење за чистење стакло

Стаклените површини и огледалата можете да ги исчистите со пена за бричење. Овој трик е идеален за во бањата бидејќи го спречува создавањето дамки од бигор.

Весници за чистење прозорци

Уште една намена за весниците – наместо крпи, можете да ги користите нив за да ги исчистите прозорците.

Само стуткајте страница од весник во топка, испрскајте го прозорецот со средство за стакло и пребришете.

Весникот ќе ги отстрани и потврдокорните дамки без да го оштети стаклото, а и нема да остави влакненца како крпата.
(Е, сеа, уште да имавме весници…)

Бел оцет наместо средство за чистење

Белиот оцет е одличен за отстранување масни наслаги, бигор, но и непријатни мириси од одводот.

Во шишенце со распрскувач измешајте исто количество вода и бел оцет и користете го како најобично средство за чистење во бањата или кујната. Но, избегнувајте го за дрвени површини и површини од природен камен, како мермер.

Сода бикарбона и лимон за тврдокорни дамки

Комбинацијата од соба бикарбона и лимон може да биде од корист за потврдокорни дамки.

Направете паста од сода бикарбона и обична вода, па додајте малку лимонов сок во неа. Смесата можете да ја користите за да ја исчистите рерната, мијалникот, но и плочките.

Весници врз шкафчињата

Ако имате навика да купувате весници (пак овие со весниците), не ги фрлајте, туку постелете ги на горниот дел од шкафчињата во кујната, дневната или каде било.

На овој начин ќе ги заштитите од прашина, па наместо да бришете (на тешко достапни места), само сменете ги весниците.

Украсна хартија во внатрешноста на шкафчињата

За да ги заштитите кујнските шкафчиња, обложете ги со украсна хартија.

Дури и ако ги чистите редовно, кога во нив чувате храна, лесно може да се извалкаат и да останат дамки. Со украсната хартија ќе го спречите ова.

Овој трик е ефикасен ако имате многу стари шкафчиња кои е тешко да ги исчистите темелно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *