Македонскиот моторспорт доби нова ѕвезда – 17-годишниот Стефан Тренески, кој иако нема возачка дозвола, веќе се натпреварува во Формула 4. Тој е првиот Македонец кој настапи во престижниот шампионат Ф4 ЦЕЗ, дебитирајќи на патеката „Словакиаринг“ во Словачка.
Тренески ја наследил љубовта кон брзината од својот татко, кој бил активен учесник на брзински трки. Неговиот почеток бил необичен – преку видео-игри и симулаторски натпревари, каде што редовно победувал. Ова искуство подоцна го преточил во реални натпревари, вклучувајќи го Цлио Цуп (Тњинго Цуп), каде што постигна значајни резултати.
Со својот настап во Словачка, Тренески успеа од 17-тата стартна позиција да стигне до 13-то место, покажувајќи голема брзина и конзистентност. „Научив многу и сум уверен дека следната сезона ќе се борам за врвот на Централноевропскиот шампионат. Благодарност до тимот ‘Јаник Моторс’ и сите кои ме поддржуваат,“ изјави младиот талент.
Тој веќе ја освои ФИА-сертифицираната Формула 4 ЦЕЗ академија и важи за еден од најветувачките млади возачи во регионот. Покрај настапите на патеките, Тренески има искуство и како е-спорт возач за тимот Брабхам, а е и добитник на наградата „Формула Стар“.
Последниот натпревар од сезоната за Тренески ќе се одржи на 6 и 7 септември во Брно, Чешка, каде што македонската публика очекува уште еден одличен настап.