Студентите им оддадоа почит на загинатите во катастрофалниот пожар

Илјадници студенти денеска се собраа на платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје каде одржаа заеднички час за да оддадат почит на 59-те лица кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Собирот беше организиран од студентската организација на Скопскиот универзитет. Настанот закажан за точно напладне беше одложен половина час поради силен дожд, а потоа почна со седумминутен молк на големиот број присутни студенти со кој беше исполнет кампусот на УКИМ.

На собирот дојдоа министерката за образование и наука Весна Јаневска, која ја изрецитира песната „Во тишина“ од Ацо Шопов, ректорката на УКИМ Биљана Ангелова, кои единствено говореа пред студентите. Не се се обрати ниеден студент.

Собирот беше прекинат бидејќи на една студентка ѝ се слоши и беше повикана Брза помош.

Собири за оддавање почит на загинатите во Кочани на кои граѓаните носат цвеќе, палат свеќи има и во Битола и Тетово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *