Сутерен.мк

Суптилни знаци на депресија

Светските стручњаци се веќе договорени за симптомите на депресија, а тоа се: константно чувство на тага и тегобност, песимистички поглед на се, чувство на празнина, иритантност, чувство на вина, губење на интерес за работи што претходно ни биле возбудливи, немање енергија и постојан умор, намалено движење, немање концентрација, памтење и одлучност, проблеми со спиењето, губење на апетитот, самоубиствени мисли, главоболки, но и други болки иако, се е во ред…

Меѓутоа, постојат и посуптилни знаци што можат да посочуваат на депресивност како:

Музиката што ја слушаме станува се потажна и потажна.

Немање желба за дружење со било кого.

Помирување со помислата дека вистинска љубов никогаш нема да ни се случи.

Дури и кога ќе се случи нешто убаво, радувањето изостанува.

Губење на телесната тежина без диета.

Немање желба за било какво истакнување.

Чувство дека срцето ни чука постојано пресилно и пребзо.

Одењето на часови или работа ни е претешко.     

Отсуство на благодарност кога нешто добро ќе се случи.

Извор: YourTango.com

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *