Сутерен.мк

Сутерен во Мисисага

Мисисага е шестиот град по големина во Канада. Се наоѓа во јужниот дел на Онтарио, на брегот на езерото Онтарио (кое патем, те демне насекаде, а не е ни најголемото таму), западно од Торонто.
Името го добил од индијански збор што значи „место на река“.
Градот по бројот на жителите е голем колку Скопје, но поради споеноста со Торонто, неретко го третираат како негово предградие.

Првите доселеници во Мисисага биле Французите, но денес во него најмногу има Англичани-Канаѓани, па Французи, како и мала бројка на десетици други нации и народи.
Мисисага е убав и современ град кој е сместен на западната страна од Интернационалниот аеродром „Пирсон“ од Торонто. Градот Мисисага игра значајна улога во економскиот живот, како центар на лесната индустрија.

Сутерен.мк присуствуваше на свадбата на Ивана Михајловиќ и Ален Мозес во Мисисага, што се одржа во елегантен кантри комплекс.
„Свадба ко свадба“, би рекле многумина, но има и такви што се издвојуваат. Како оваа, која беше децентен собир на одбрани блиски луѓе, без непотребни помпезности и наметлив кич.
Какви што впрочем, се и младенците.
Ивана, Македонка со потекло од Скопје и Ален, со британско потекло, но и двајцата Канаѓани, кои посакуваат да живеат надвор од урбана средина, во куќа со голем имот, на кој ќе има коњи, кучиња и градини и многу кантри музика.
Од се срце им посакуваме да им се реализираат плановите.
Убавите луѓе, заслужуваат исполнети соништа.

Б.Д.Н.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *