Сутерен.мк

Сутерен во Торонто

Градот и покрај речиси трите милиони жители е мирен на прв, на втор, па и на трет поглед. Меѓутоа, не и здодевен.

Улични кучиња и мачки нема. Луѓе што просат не видовме. Ракуни, лисици, творови, гуски, верверици и оние минијатурни верверички (чипманкс) често се гледаат по улиците,  дури и во поширокиот центар.

Торонто е најголем град во Канада и главен град на провинцијата Онтарио. Се наоѓа на северозападнiиот брег на езерото Онтарио, во срцето на “Златната потковица“ – најнаселениот дел на оваа провинција.

Поради високиот животен стандард, нискиот степен на криминал и чистата природна околина, Торонто е меѓу најпосакуваните градови за живеење во светот и е рангиран во првите дваесет најдобри градови за студирање на планетава.

Торонто е космополитски град. Како главен канадски центар за имиграција, тој е мултикултурен, но и индустриски и забавен центар на Канада. Покрај ова, Торонто е и најскапиот град во државата.

Скап е паркингот, храната во ресторани, алкохолот, влезниците во музеите, театрите, галериите, сообраќајните казни, недвижностите, чоколадото…

Прехрамбените продукти во големите маркети се блиски со цените како кај нас, гардеробата исто, па и од врвните брендови кога се на попуст (а попустите се навистина фантастични и многу чести), ефтина е брзата/улична храна, џиџи-миџите…

Минималната плата е 1 800 канадски долари. (Пишуваме, како што ни кажаа, од терен, не се ова официјални податоци.)

Торонто се наоѓа во зона на влажно умерена континентална клима, со топли и влажни лета и студени зими.

Канадската национална кула во Торонто е највисоката зграда на западната хемисфера и е еден од најпознатите симболи на Канада, која нуди неповторлив поглед кон градот.

Кралскиот музеј на Онтарио е најголемиот канадски музеј за светската култура и петтиот по големина музеј во Северна Америка, во кој има над шест милиони експонати и четириест галерии.

Музејот за чевли “Бата” е уникатна атракција со теми од Северна Америка.

Риплиевиот аквариум е најголем аквариум во Канада, со девет простории, 5,7 милиони литри вода и 16 000 морски животни, вклучувајќи и ајкули.

Островите Торонто нудат многу спортски и возбудливи авантуристички активности, а може да се обиколат со брод или само со велосипед или пешки.

Забавниот парк Канадскиот Вондерленд има најбрз, најдолг и највисок ролеркостер во светот.

Дестилериската област или дистрикт е најголемата дестилерија во светот, дом на најдобрите пабови во Торонто, со особено жива атмосфера за време на Божиќните празници.

Градската забавна област во Торонто е една од најголемите забавни сцени во Канада, со мноштво клубови и музички настани.

Толерантен град со нула толеранција за сообраќајна некултура. За три минути доаѓа пајак, ако си паркирал на недозволено место или време или пак, ако на полупразниот паркинг и за десет сантиметри тркалото ти нагазило на линијата што го обележува паркинг-просторот за едно возило, ти „лепат“ казна. Камери има на секој чекор, за се им јавуваат од одма на „службите“.

Пешаците се „закон“!

Се на се, космополитски град, кој е фино место за живеење, ако заработувате доволно.

Просечната цена на стан или куќа во Торонто е над милион канадски долари (695 225 евра).

Ах, да: нема спас од езерото Онтарио. Демне од сите страни.

Канабис се продава во специјализирани продавници и, на секое ќоше. (Го има и во вид на гумени бонбони, за страшливците.)

Б.Д.Н. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *