Сутерен.мк

Тажен фолклористички паметник на генерации скопјани

Во кино Фросина, МКЦ, вечерва беше промовирана книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“, од архивските материјали на Васил Хаџиманов.

Станува збор за записи снимани во специфични околности на колективна траума непосредно по скопскиот земјотрес, на закопите и помените на жртвите. Овие архивски материјали биле необјавени и недостапни за пошироката јавност цели 60 години.

Промоцијата на монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов, во издание на Институтот за македонска литература (2023), беше одржана во спомен на македонскиот етномузиколог, композитор и мелограф на македонски народни песни Васил Хаџиманов (1906-1969) и во спомен на жртвите на скопскиот земјотрес. Промотор на книгата беше проф. Илина Јакимовска, а свој музички настап имаше Васил Хаџиманов (помладиот) со пропратен бенд.

Во содржината на монографијата се објавени тажачки песни од скопскиот земјотрес со транскрипција на ракописните материјали и на дел од аудиоматеријалите снимени во 1963 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *