Иако половина од населението е на раб на глад Авганистан се пофали дека направил свој прв „суперавтомобил“
Автомобилот „Мада 9“, слично на „бетмобил“ за талибанците, како погон користи мотор од „тојота корола“ од 2000 година.
Шасијата и каросеријата се изградени од инженери и дизајнери од Авганистанскиот технички стручен институт (АТВИ).
„Специјалитетот на овој автомобил е што е произведен во Авганистан, а таков автомобил не е направен во светот“, изјави Гулам Хајдар Шухамат, шеф на АТВИ и додаде:
„Авганистан беше земја позната по војни, конфликти и мизерија, но сега овде е изградено такво возило. Има уникатен дизајн, силен е и лесен.“
Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид прв на Твитер ја сподели снимката од спортскиот автомобил како вози по снег.
Дизајнерот на „Мада 9“ Риза Ахмади изјави за „Толо Нењс“ дека се надева дека ова возило ќе помогне да се промени имиџот на неговата земја.
„Овој автомобил ќе биде амбасадор и ќе вози низ Авганистан и ќе ја пренесе вредноста на знаењето на луѓето“, вели Ахмади.
Конструкторите сè уште не ги откриле техничките спецификации на автомобилот, а неговите креатори велат дека овој модел сѐ уште е во развој.
Тврдат дека е “ист” Бугати.