Сутерен.мк

Тарантиновата одмазда кон мајка му!

За поткастот „The Moment“ прославениот режисер Квентин Тарантино изјави дека се уште се држи до својата заклетва дека на мајка си нема да и даде ни „пени“ од своето богатство затоа што таа го омаловажувала неговото пишување кога бил дете!

Тој во разговорот со водителот Брајан Копелман се потсети на своето детство и зборовите на мајка му, Кони Застоупил, во всрка со неговото пишување:

„Ох, инаку да знаеш, твојата мала писателска кариера – што го кажа правејќи знак на наводници со прстите – твојата мала ’писателска кариера’ со која се бафташ, со тоа е е*ено завршено“.

Тарантино вели дека после тоа, се заколнал во себе си: „Во ред госпоѓо, кога ќе станам успешен писател, никогаш нема да видиш ни пени од мојот успех. Нема да ти купам куќа. Нема патувања за тебе, нема Елвис Кадилак за мама. Нема да добиеш ништо. Затоа што тоа го кажа.“

На обидите на водителот да го „омекне“, 58 годишниот режисер рече само дека и помогнал на мајка си околу данокот, но ништо повеќе од тоа не направил и нема ни да направи.

„Вашите зборови со кои им се обраќате на вашите деца имаат последици. Запомнете дека постојат последици од вашиот сарказам кон нешто што ним прилично им значи“, потенцираше Тарантино.

Неговата мајка повторно се омажила по разводот со татко му, Тони Тарантино, но Тарантино нема добар однос ни со него. Во една друга прилика режисерот изјави дека го задржал своето презиме само затоа што му звучело „кул“.

„Да морам се од почеток, не би го користел ова презиме, туку своето средно име. Би бил Квентин Џером“, кажа тогаш Тарантино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *