Сутерен.мк

Татковина

Фејсбук с(р)еќавања…

Нема попоразително искуство од она, кога ситуацијата ќе те натера да ги тестираш пријателите.

****

На оваа македонизација, Македонија не и е потребна. И, обратно…

****

Постоењето на физичките причинско – последични врски во светот во кој живееме, не е работа на договор.
Што ќе рече, инсистирањето нечија лична неинформираност да се толерира како легитимно и рамноправно изјаснување е осакатување на останатите.
Токму затоа, треба конечно, да се престане со политички коректната бесмислица дека сечие мислење е валидно.
Или барем, дека е подеднакво важно.

****

Се додека на ова парче земја наречено татковина не почнат да се случуваат преседани, ниту една година нема да биде среќна.

****

Јас сум либерал – песимист.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *