Таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, Александар пред Апелациониот суд побара да му се укине мерката притвор.
Ѓорчевски пред судот изјави дека не познава никој од осомничените, вели неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ. Седницата беше јавна, но во последен момент бил известен и Туфегџиќ.
Александар Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тој од декември е во притвор во Шутка.
Љупчо Палевски Палчо кој е во екстрадициски притвор во Турција е осомничен дека ја убил Вања и велешанецот Панче Жежовски. Останатите осомничени Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски исто така се во притвор.