Сутерен.мк

Твитер воведува „не ми се допаѓа“

Твитер ќе ја прошири достапноста на копчето „не ми се допаѓа“ на глобално ниво, откако ќе ја тестира функцијата во ограничен број земји. Твитер првично ја лансираше функцијата во јули 2021 година, откако имаше нешто слично со години претходно!

Копчето доаѓа со неколку ограничувања. Прво, тоа е достапно само за коментари, а не на објави. Второ, нивната бројка не е јавна, иако Твитер вели дека тие „ќе ни помогнат да информираме за содржината што луѓето сакаат да ја видат“.

Покрај ова, опцијата „не ми се допаѓа“ прво ќе биде достапна на десктоп верзијата на Твитер, иако компанијата вели дека „наскоро“ ќе почне да се прикажува на ИОС и Андроид.

Според компанијата, повеќето корисници ја користеле функцијата „не ми се допаѓа“ за да ја означат содржината што не сакаат да ја гледаат, а тоа најчесто го правеле кога одговорот го сметале за навредлив, нерелевантен или и двете.

Според Твитер, луѓето кои ја тестирале функцијата за негативно гласање откриле дека таа го подобрува квалитетот на разговорите на Твитер.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *