Сутерен.мк

Телеграм им се покори на Германците

Платформата за онлајн пораки Телеграм попушти пред барањата на германските безбедносни служби и обезбеди податоци за корисници осомничени за екстремизам.
По истрагата, Министерството за внатрешни работи потврди дека добило податоци од Телеграм, како што се ИП адресите на корисниците, во „неколку изолирани случаи“ – 25 случаи на можна злоупотреба на деца и исламски екстремизам. Покрај тоа, Телеграм избриша содржина во речиси 400 разговори на кои укажаа службите.

Телеграм претходно инсистираше на тоа дека нема да открива никакви кориснички податоци на властите и затоа стана платформа на избор за луѓето кои воопшто не сакаат да бидат видени.

Тука спаѓаат криминалци и можни терористи, но и дисиденти ширум светот.

Платформата е обвинета дека не ја модерирала содржината на кој било начин, вклучително и поттикнување омраза, повици за насилство и ширење лажни информации.

Телеграм долго време не одговараше на барањата на германските безбедносни служби, а започна да комуницира дури на почетокот на февруари под притисок на владата.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *