Сутерен.мк

Теофил Панчиќ до Ѓоковиќ: Вакцинирај се, дечко!

Познатиот српски новинар, Теофил Панчиќ по повод случувањата со Новак Ѓоковиќ и неговото неизвесно учество на тенискиот турнир „Австралија“ опен во Мелбурн, преку колумна му се обрати на својот земјак, во која меѓу другото, пишува:

Теофил Панчиќ

– Во Австралија не можеш да влезеш невакциниран, и крај. Постојат многу ретки исклучоци од ова правило, ама за исклучок не е доволно, или не мора да биде доволно, да се викате Новак Ѓоковиќ.

Еве, да речеме, Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на светот. Човекот не е вакциниран против ковид-19; никој не знае зошто, тој не сака да каже, се спомнува некој мистериозен „медицински исклучок“, но е нејасно каков е тој исклучок и дали постои воопшто. Има навистина луѓе кои не можат да ја примат вакцината од оправдани медицински причини. Меѓутоа, тие луѓе се многу малку, а причините се сосема конкретни и сите до една и се добро познати на медицината.

Во нив не спаѓаат субјективните психолошки пречки, иритантната детинеста верба во рекла – казала будалаштини од интернет и во другите форми на матниот „њуејџизам“, за кој и многу пред корона пандемијата знаевме дека Ѓоковиќ му е наклонет.Така што антиваксерството, ако е антиваксер, а ги имаме сите индиции дека е му доаѓа како природен следен чекор во развојот на еден веќе изграден еклектичен „поглед на светот“. Кој Ѓоковиќ го дели, ако го дели, со милиони други луѓе, само што тие не се богати и славни, а тој е.

Ајде, вакцинирај се, дечко. Не е тоа ништо, не боли, а е корисно. Вакциниран е и овој кој ги пишува овие редови и мнозинството од оние кои ќе ги читаат, па не ни фали ништо. Не си ти ништо подобар од нас, ти само подобро играш тенис. А оние меѓу нас кои по свој избор не се вакцинирани, тие барем не летаат за Австралија. Тешко да стигнат и до Ќиќевац. Клечат по дома и, поради нешто за што веќе не се ни сеќаваат, го презираат целиот свет. Освен „нашиот Ноле“, секако. Да се биде нивен херој е најтажната работа на светот. Вакцинирај се, значи, и играј, и победи ги сите, бидејќи си најдобар. А ако некој и после тоа те закача, кажи ни, па сите како еден да те браниме – пишува Панчиќ.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *