Сутерен.мк

Тераса

Фејсбук с(р)еќавања…

****

Пружам јас алишта, како секоја проста измеќарка на родот свој и оп, полиција под тераса?! (На приземје сум. Мажот ми е грижлив, знае дека моиве атрофирани краката, не можат да издржат многу.)
-?
* Ќе ве молиме да влеземе во домот ви или, излезете да поразговараме.
– Зашо?
Купувам време и си го мотам филмот: од парталите на комшикава над мене, бел ден не видов – гаќите им и флекавите чаршафи ми се стално пред нос, цел поглед од тераса ми зафаќаат, ама девојчето е диво, шо да му правам?! Тој маж и – сиот во лер. Детето двајца и го чуваат и пак, недочувано – дрангулии детски по цел ден собирам и им ги оставам пред врата.
Кога нешто недоквачено, а наакано ќе се досели од Долно Лисиче над Жито лукс кај Зелено, во плишана тренерка, тоа е.
Не ми текнува што мож е да е проблемот, па пак прашално ги погледнувам униформите.
– Проблемот е во нарушувањето на угледот на г-ѓа “Лисиче” во јавност.
* ?
– Видете, вие јасно и гласно сте назначиле дека не само што воопшто не ја цените, туку и ја потценувате личноста на г-ѓа Д. Лисиче.
* ?
– Г-ѓата Д.Лисиче додека била во кавга со соучесничката во настаните, го забележала следниов ваш коментар:”Абе, глупачо, не ја интересира тоа твое ‘не ми чепкај во семејството’. Ја Заболе неа за твоето семејство. Маж ти ја интересира”.
* ?
– Ќе ве молам, за ваша изјава.
Ги собирам веднаш алиштата и се дерам:
* Микииии! Викај ги сите адвокати што ги знаеме и се нормални.
– Такви немаме.
* Абе викај се што знаеме, одма.
– Уби некого со штипка?
* Ќе ме уапсат од тераса, море еј ти.
– ?
* Сум ја навредила комшиката со тоа што сум и рекла дека љубовницата на маж и не е заинтересирана за нејзиното “гнездо”, туку само за еден член од него.
– Илјада пати сум ти рекол: не се расправај со луѓе кои на свадба мафтаат со јамболии!

(Полицијата ми врачи пусулче, каде и кога да се јавам, со впишан мој матичен број.
Без да ме легитимираат.
Да, тука, под терасата.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *