Сутерен.мк

Тивко рушење

„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Тивко рушење“ на хрватскиот писател Ивица Пртењача, во превод од хрватски на македонски јазик на Ленче Тосева.

„Тивко рушење“ може да се смета како трета книга од своевидната трилогија романи во која се и „Добро е, убаво е“ и „Брдо“. Во сите три дела основниот тематски мотив е осаменоста, а главниот лик е антијунак. Овој роман е покомплексен од претходните и е напишан со чист поетски јазик, со стилски прецизни реченици, преполн со необични метафори. „Тивко рушење“ е напишан како контрапункт на „Брдо“.

Ивица Пртењача е роден во 1969 година во Риека, Хрватска, каде што студирал југославистика на Педагошкиот факултет. Пишува поезија, проза, драмски текстови и колумни. Негови дела се преведени на дваесетина јазици, меѓу кои и на македонски јазик. „Тивко рушење“ е неговата четврта книга објавена на македонски јазик. Претходно во Македонија се објавени: „Добро е, убаво е“, „Суровост“ и „Брдо“.

Според романот „Брдо“ се снима долгометражен филм.
Добитник е на повеќе книжевни награди, вклучен е во неколку антологии и избори на хрватска поезија. Живее и работи во Загреб како самостоен уметник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *