Пет тинејџерки се уапсени во Иран кога биле видени дека снимаат видео на „Тик-ток“. Полицијата потоа ги принудила на истото место да снимат друго видео, во кое се каат за своите постапки. Во второто видео девојките носеле хиџаб.
Девојките го снимиле видеото на 8 Март, Денот на жената, танцувајќи пред зграда во предградието на Техеран на песната “Calm Down” на Селена Гомез и нигериската пејачка Рема. На видеото се гледаат како носат кратки маици додека ниту една од нив не носи хиџаб – и двете работи се нелегални според иранскиот закон.
Видеото бргу стана вирално, а полицијата користеше снимки од надзор и ги испрашуваше чуварите на станбениот блок за да ги пронајде тинејџерките.
Но, наместо да дејствува како одвраќање, инцидентот доведе до бран други, кои го реплицираа оригиналното видео танцувајќи на истата песна без нивните традиционални шамии.
Инцидентот се случи по големите протести во Иран кон крајот на минатата година по сомнителната смрт во полицискиот притвор на Махса Амини, која беше уапсена поради неправилно носење хиџаб. По нејзината смрт, жените беа снимени како ги палат своите хиџаби на улица или ги соблекуваат во знак на протест против режимот во Иран.